Работа

Ние сме АДИНГ - водечка компанија за производство и пласман на хемиски материјали во градежништвото во Југоисточна Европа. Присутни сме во земјите на Балканот, Русија, Украина, Казакстан, патуваме често, понекогаш кратко, но понекогаш подолго. Мотото што не движи кон успехот е “Сме и ќе бидеме состојка на секоја градба” За младите и амбициозни кадри кои се спремни да го прифатат предизвикот и да се вклучат во тимот на Адинг, отворени се 2 позиции за:

ДИПЛОМИРАН ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР на позиција Инженер за примена

Основни задачи

  • Технички пласман и примена на производите во Македонија и на пазарите во странство каде Адинг е присутен.
  • Освојување на нови пазари со организација на пласман

Квалификации

За да се квалификувате за оваа позиција треба да ги исполнувате следните услови:
  • дипломиран градежен инженер со или без работно искуство
  • организациски способности
  • способност за тимска работа
  • желба за специјализација во градежната струка
  • одлично познавање на англиски јазик
  • пожелно е, но не е неопходно, познавање на втор странски јазик познавање и работа со Microsoft Office пакетите
  • добро познавање на Autocad
  • возачка дозвола од Б-категорија

Ние нудиме

  • атрактивна и динамична работа
  • можност за надградба на професионален план
  • одлични услови за работа
  • можност за брзо напредување во кариерата
    • Позицијата е со седиште во Скопје, со почести патувања во странство. Можен е и подолготраен престој во странство. Работно време од 08:00-16:00 h (понеделник-петок) Позицијата е на неопределено време со пробна работа од шест месеци. Од пријавените кандидати ќе се избере едно лице. Кандидатот кој ќе влезе во потесен круг на избор, ќе биде повикани на тестирање и интервју. Доколку сте спремни за предизвикот да се вклучите во тимот на АДИНГ и ги исполнувате наведените квалификации, доставете апликација со содржина:

      • Мотивационо писмо
      • CV со фотографија
      • Копија од документи со кои се презентираат останатите барани услови

      Вашата апликација ќе се третира доверливо. Апликациите испратете ги на e-mail: rabota@ading.com.mk најдоцна до 10.12.2017 со назнака „За Оглас за вработување“.



ДИПЛОМИРАН ИНЖЕНЕР ТЕХНОЛОГ ИЛИ ХЕМИСКИ ИНЖЕНЕР во делот за развој и контрола на фабричко производство

Основни задачи

  • Усовршување и развој на постоечките производи како и воведување на нови производи
  • Тековна контрола на квалитетот на фабричкото производство и следење на квалитетот на производите
  • Континуирано истражување со цел изнаоѓање на нови подобри репроматеријали, супституција на постојните како и рационализирање на производите.
  • Испитување на градежни материјали и разни градежни производи

Квалификации

За да се квалификувате за оваа позиција треба да ги исполнувате следните услови:
  • дипломиран инженер технолог или хемиски инженер со или без работно искуство
  • организациски способности
  • способност за тимска работа
  • желба за специјализација во градежни производи и нивна техничка примена
  • одлично познавање на англиски јазик
  • пожелно е, но не е неопходно, познавање на втор странски јазик
  • познавање и работа со Microsoft Windows и Office пакетот
  • возачка дозвола од Б-категорија

Ние нудиме

  • атрактивна и динамична работа
  • можност за надоградба на професионален план
  • одлични услови за работа
  • можност за брзо напредување во кариерата
Позицијата е со седиште во Скопје, а можни се повремени престои и во странство. Работно време од 08:00-16:00 h (понеделник-петок) Позицијата е на неопределено време со пробна работа од шест месеци. Од пријавените кандидати ќе се избере едно лице. Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор, ќе бидат повикани на тестирање и интервју. Доколку сте спремни за предизвикот да се вклучите во тимот на АДИНГ и ги исполнувате наведените квалификации, доставете апликација со содржина:
  • Мотивационо писмо
  • CV со фотографија
  • Копија од документи со кои се презентираат останатите барани услови

Вашата апликација ќе се третира доверливо.

Апликациите испратете ги на e-mail: rabota@ading.com.mk најдоцна до 10.12.2017. со назнака „За Оглас за вработување“.

Форма за испраќање на вашето CV