Image31 Авг 2017

Изработка на тениски и други спортско-рекеративни терени на акрилатна основа

Денешната форма на играта, тенисот ја добил во Франција , кога во текот на XVI, XVII и XVIII век тенисот станал спорт на благородниците и кралското семејство. Потоа се проширил низ Европа, а најпопуларен станал во Англија. Првиот турнир се одиграл на трева, во предградието на Лондон – Вимблдон во 1877 година со 22 играчи и околу 200 гледачи. Од тогаш популарноста на овој спорт се движи во нагорна линија.

А.1. ДИМЕНЗИИ НА ТЕНИСКИТЕ ТЕРЕНИ

Тенискиот терен е долг 23,77m (78 feet), и со ширина од 8,23m (27 feet) за сингл натпревари, и 10,97m (36 feet) за дабл натпревари. Додатно е потребен отворен простор околу теренот, со цел играчите да можат да ги достигнат “избеганите” топки, со ширина од 18.288m (60 feet) и 36.576m (120 feet) должина. За дуплек терени димензиите на теренот се правоаглоник со страни мин. 33 do 36m (мин. 108 feet). 
Наклонот на тенискиот терен треба да биде еднаков по целата површина, од еден до друг крај или од еден до друг корнер. За поефикасно дренирање, наклонот е најдобро да биде по пократката димензија. Наклон од и кон мрежата не се прифаќа. Наклонот треба да изнесува од 0.83% (1:120) до 1% (1:100).

А.2. ТИПОВИ НА ТЕНИСКИ ТЕРЕНИ

Во зависност од материјалот од кој е изработена површината на теренот постојат четири основни типa на тениски терени: земјани терени, тврди терени, тревни терени и затворени терени (теписон, гума или дрво). Секоја површина има свои карактеристики кои влијаат на стилот на играта.

Од Grand Slam натпреварите, US Open и Australian Open користат тврда површина, Roland Garros се игра на земја,а Wimbledon се игра на трева.

Во својата производна програма АДИНГ нуди спортски терени на акрилатна основа – АДИНГФАВОРИТкои се еквивалентни на тениски терени за одржување на тениски турнири на тврда подлога.

Б. КОНСТРУКЦИЈА НА ОСНОВАТА

Основата за поставување на Акрилатни спортски системи може да биде Асфалт-бетонска или Армирано-бетонска подлога.

Б.1. АСФАЛТ-БЕТОНСКА ПОДЛОГА

За изработка на тениски терен, со користење на АДИНГФАВОРИТ на асфалтна основа, истата треба да се изработи на следниот начин:

1. Поставување на геотекстил.

2. Изработка на тампон од дробен чакал со дебелина од најмалку 35 cm (0.63 mm), CBR 80.

3. Изработка на тампон од дробен чакал со дебелина од најмалку 13 cm (0.32 mm), CBR 80.

4. Изработка на слој од асфалт-бетон тип БНХС (0-16 mm)со дебелина од минимум 5 cm.

5. Изработка на слој од асфалт-бетон тип AБ (0-32 mm)со дебелина од минимум 3 cm.

Асфалтот мора да одлежи најмалку 14 дена пред да се аплицира системот.

Б.2. АРМИРАНО-БЕТОНСКА ПОДЛОГА

За изработка на акрилатен тениски терен на армирано-бетонска основа, истата треба да се изработи на следниот начин:

1. Поставување на геотекстил.

2. Изработка на тампон од дробен чакал со дебелина од најмалку 35 cm (0.63 mm), CBR 80.

3. Изработка на тампон од дробен чакал со дебелина од најмалку 13 cm (0.32 mm), CBR 80.

4. Изработка на плоча од “мршав” бетон со дебелина од 10-15 cm.

5. Поставување на еластична хидроизолација ХИДРОМАЛ ФЛЕКС.

6. Изработка на армирано-бетонска плоча со јакост мин. МБ30, со дебелина од минимум 14 cm. Истата мора да се подели на две работни полиња со дилатациона фуга на местото каде ќе биде поставена мрежата. Препорачуваме при изведбата на А.Б плоча , да се користи адитив (суперпластификатор), кој ќе го намали В/Ц фактор и ќе ја подобри компактноста и обработливоста на бетонот. Додатно, бетонот мора да биде со старост од најмалку 28 дена, пред да се аплицира АДИНГФАВОРИТ системот.

Б.3. ПРИПРЕМАЊЕ НА ПОДЛОГАТА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА АКРИЛАТЕН СПОРТСКИ СИСТЕМ

Пред аплицирањето на системот, површината на која истиот ќе биде нанесен треба да се припреми така што ќе ги задоволи следните услови:

1. Површината мора темелно да се исчисти од прашина, масла, деривати, и останата нечистотија, во согласност со упатствата на производителот. За адекватно отстранување на нечистотијата, неопходно е и чистење со пумпа под притисок. Доколку постои појава на раст на алги или други растенија, истите треба да се отстранат со употреба на соодветно средство за таа намена, кое потоа ќе биде темелно отстрането.

2. Евентуалните пукнатини треба механички да се отворат и да се заполнат со еластичен кит. Истите треба да се исчистат и стерилизираат против вегетација 14 дена пред нанесувањето на китот за заполнување.

3. Вдлабнатини поголеми од 0,5 mm се заполнуваaт со користење на порамнителна смеса од РЕПАРАТУР МАЛТЕР Ф.

В. АПЛИКАЦИЈА НА АКРИЛАТЕН СПОРТСКИ СИСТЕМ – АДИНГФАВОРИТ

1. Комплетната површина се третира со ПРАЈМЕР В, кој се нанесува со четка или валјак.

2. 1 до 2 часа по нанесувањето на прајмерот, површината се глетува со АДИНГФАВОРИТ – ГЛЕТ, со помош на гумена глетарка.

3. 24 часа по нанесувањето на глетот, се изведува завршниот слој на системот АДИНГФАВОРИТ – БОЕН, во два или три слоја со гумена глетарка.

Секој слој се нанесува на претходно исушен слој (по изминати 30 до 60 мин.). Распоредот на боите е во согласност со барањата на инвеститорот.

4. Завршно обележување на теренот со боја за подови на акрилатна основа – АДИНГМАРКЕР.

Г. ПОТРОШУВАЧКА И СПЕЦИФИКАЦИЈА НА МАТЕРИЈАЛИТЕ

* Во согласност со препораките за Тениски Терени (Тврда подлога) внатрешната површина на теренот – /зелена боја/ е со површина од 23,78x10.97m = 260,89m2

МАТЕРИЈАЛ

Пакување (kg)

Потрошувачка (kg/m2)

Број на пакувања

Потребна количина

ПРАЈМЕР-В (261 m2)

20/1

0,35

5

100

АДИНГФАВОРИТ ГЛЕТ ( 261 m2)

50/1

2,0

11

550

АДИНГФАВОРИТ

БОЕН /ЗЕЛЕН/ (261m2)

25/1

1,2

13

325

АДИНГМАРКЕР

25/1

0,5

1

25

Д. ИЗВЕДБА НА ДРУГИ СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНИ ТЕРЕНИ

АДИНГФАВОРИТ е висококвалитетен завршен акрилен систем, кој освен за изработка на тениски терени, идеален е и за изведба на други надворешни и внатрешни спортски терени (одбојка, мал фудбал,кошарка), детски игралишта и забавни паркови, а може да се користи и како декоративен завршен слој за пешачки и велосипедски патеки. Трајните бои му даваат дополнителна вредност на објектот, нагласувајќи ги обработените површини како елемент од архитектонскиот дизајн.

  1. Одлична атхезија особено на асфалтна подлога

  2. Отпорност на абразија и УВ зрачење

  3. Не содржи растворувачи и не е токсичен

  4. Водонепропусен

  5. Декоративен – изработка во различни бои и нијанси

  6. Монолитен под без фуги

  7. Економичен и едноставен за изведба

  8. Лесен за одржување

Подготвил: дипл.инж.архитект Петровска Александра