Image7 Окт 2009

Отворена нова фирма во Иран

Адинг отвори заедничка нова фирма во Р.Иран со ирански патнери. Името на фирмата е ADING SHIMI PARS, со седиште во Техеран. За директор е назначен дипломираниот градежен инженер Јовановски Горан - десетгодишен директор на техничка примена и пласман.

Во тек е изработка на главен проект за нова фабрика која ќе се гради во индустриската зона на Техеран на локација од која производната хала е со површина од 1200 m² и административен дел со лабораторија 2x330 m².

Вредноста на производниот фабричкиот комплекс е околу 1.500.000 евра.
Бројот на вработени ќе изнесува: 15- во производство и 10 во централната канцеларија во Техеран.

Капацитетот на производниот погон е 80.000t годишно од кои приближно 90 % се наменети за производство на адитиви за бетон, а 10 % за производство на прашкасти и пастозни производи.

Во првата година се очекува пласман од 7.000 до 10.000 t.
Моментално на овој пазар се пласираат: Силиконска импрегнација (Фасил-В), Декоративни фасадни материјали (Адингфас-З и Хидрофас -З), Хидроизолации (Хидромал флекс и Адингфлекс).

Се очекува фабриката да се пушти во работа до крај на 2010 година.