Image30 Ное 2009

Саем во Техеран, Р. Иран

Во периодот од 16.11. до 19.11.2009 година во главниот град на Р.Иран, Техеран се одржа саем за нови градежни технологии „Techno Build 2009“. Деловниот систем Адинг претставени од својата ќерка фирма Адинг –Персија, учествуваше со свој изложбен простор од 54м2.

Овде првенствено беа претставени производите од групатаХидроизолации,Хидромал флексиАдингфлекс, потоаХидрофас-З и Адингфас-Зкако дел од групата производиДекоративни премазии малтери,Фасил-В,Антикорозин-ББ, но и останатата широка производна програма. Покрај големата заинтересираност за Адинговите производи и големиот број остварени бизнис контакти, Адинг доби признание од организаторот за најдобро изведен и организиран штанд, креација на тимот од Биропроект- член на Деловниот систем АДИНГ.