Image24 Апр 2015

Презентација: Современи методи за заштита, хидроизолирање и санација на АБ конструкции со примена на материјалите на АДИНГ и TPH Hamburg

На 23 април, во просториите на хотел Русија во Скопје, се одржа презентација на тема „Современи методи за заштита, хидроизолирање и санација на армирано бетонски конструкции со примена на материјалите на АДИНГ и TPH Hamburg“.

Како дел од точките кои се разработија во предавањето беа материјалите и системите за санација на АБ конструкции, начинот за изведба на хидроизолационен систем „Бела када“ и технологијата за инјектирање. Презентацијата содржеше и практични примери прикажани од предавачите - дипл. град. инж. Никола Узунов, подрачен менаџер во Адинг и дипл. град.инж. Миле Димитровски, сопственик на РЕКО инженеринг.

За сите информации и прашања од оваа област, во секое време на располагање се нашите инженери.

Во прилог фотографии од настанот: