1 Јун 2015
Презентација на производи наменети за малопродажба
Во рамки на пролетните промотивните активности, беше одржана интерактивна промоција и презентација на Адинговите материјали наменети и за малопродажните објекти.
На неколку „станици“ во дворот на Адинг беа поставени мостри од производните групи: хидроизолации, фасади и лепило за фасади, материјали за импрегнација, лепила за плочки, декоративни премази и останати помошни градежни материјали.
Присутните, меѓу кои најголем дел мајстори кои секојдневно се среќаваат и работат со нашите материјали, имаа можност да пробаат дел од производната програма и да добијат совети и одговори на сите прашања од нашите инженери.