АКТУЕЛНО
Се повикуваат сите акционери на АДИНГ АД, кои имаат право на дивиденда за 2007 (согласно дивидендниот календар) да се јават во финансовата служба на друштвото и да достават своја трансакциска сметка, како би можеле да извршиме навремена исплата на Вашите побарувања по основ на дивиденда.
Копија од картичката (со јасно читлив број на трансакциската сметка и Вашето име и презиме) можете да ги доставите на факс:02 20 34 817 или по пошта на адреса : АДИНГ АД, Новоселски пат бб, 1000 Скопје, со назнака “за финансова служба“
Со почит,
АДИНГ АД, Скопје
Се издава отворен складишен простор со површина од 8.000 m2 на ул. Новоселски пат бб, западна индустриска зона, општина Ѓорче Петров. Отворениот склад е ограден со метална ограда, осветлен и располага со портирница-канцеларија. Истиот се наоѓа во склоп на деловниот систем АДИНГ АД, а обезбедувањето е од страна на „Секјуриком“
Контакт телефон: 20 34 804
Од 30.06.2008 поголем дел од производната програма на Адинг, од
групата на адитиви за бетони и малтери се здобија со сертификат
за квалитет за ознака
.
Со овој документ се потврдува дека овие
производи ги задоволуваат критериумите според Европските норми
ЕН
934-2: 2001/ A1:2004/A2:2005.
На 30 мај, традиционално беше одбележан Адинговиот ден и 39 години од основањето на компанијата. Во рамките на прославата, им беа доделени јубилејни награди и признанија на вработените со наполнет работен стаж од 10, 20, 25 и 30 години. Листата на вработени на кои им беше доделно ова признание можете да ја погледнете на следниов линк:
» Слики од овој настан може да погледнете
на следниов линк:
АДИНГ АД - Скопје , како досегашен партнер на PLEXIPAVE ( www.plexipave.com ), освен за Р. Македонија и Р. Казахстан, го доби правото на ексклузивно претставништво и за територијата на Р. Србија и Р. Хрватска. Ова е докажан светски бренд од областа на производство на спортски терени (тениски, кошаркарски, хокеј игралишта, атлетски патеки и сл.). На површините на PLEXIPAVE се освоени многу светски титули и се поставени многу светски рекорди. Како само еден таков пример сé и терените на Отвореното Првенство на Австралија во тенис, каде Новак Ѓоковиќ победи и го подигна драгоцениот пехар. Затоа ние решивме да ја прошириме нашата соработка и овој бренд да го направиме достапен во овие наши соседни земји, кои се дел од традиционалните пазари на АДИНГ.
На ден 15.06. (недела) во рамките на прославата „5
години - Хубо маркет“, Aдинг ја промовираше својата производна програма
заедно со уште неколку компании, пред поголем број на посетители.
Производната програма на Адинг традиционално е застапена во Хубо маркетот, а нашата соработка продолжува и понатаму со цел успешно да ги задоволиме потребите на нашите потрошувачи.
Адинг АД, традиционално по 7–ми пат на Градежниот и Архитектонскиот факултет, доделува награди за најдобро изработена дипломска работа – блиска на дејноста на компанијата. Оваа година наградите беа доделени на следниве студенти:
На ден 07.05.2008 г. АДИНГ АД го одржа своето редовно годишно особрание на акционери.
На собранието се усвои годишен извештај за 2007 година и се донесоа следните одлуки:
- Одлука за годишна сметка
- Одлука за консолидирана годишна сметка
- Одлука за дивиденда
- Одлука за сопствени акции
- Одлука за избор на ревизорска куќа
Заштеди 1€ на м³ бетон со примена на ФЛУИДИНГ.
Адинг на 22 Април во кругот на фабриката во Скопје, направи презентација на производот – пластификатор за бетон ФЛУИДИНГ, пред 90% од производителите на бетон во Македонија.
Пуштен во продажба новиот производ АДИНГКОЛОР – полудисперзна боја за ентериери. Овој производ го одликуваат три
позначајни
карактеристики:
- КВАЛИТЕТ: бојата е со голема густина – па може слободно да се разредува со додавање на вода и до 25%, а при тоа бојата која ја нанесувате е со одлична покривност, белина и не се брише.
- ЕКОНОМИЧНОСТ: бојата за 1м² од вашиот ѕид нема да ве чини повеке од 6,0 ден.
- ЗДРАВЈЕ: Овој производ е пареопропусен , а тоа го прави идеален за примена во домовите, од аспект на чиста и здрава микро - животна средина.
Не пропуштајте оваа година вашиот дом да го "облечете" со АДИНГКОЛОР.
АДИНГ АД ја доби втората награда за Општествена Одговорност - Македонски оскар, со плакета од областа на Екологијата и Одржливиот Развој од Германската Влада.
Од 75 фирми кои конкурираа на регионалниот проектот за „Општествена oдговорност во претпријатијата“, само 15 фирми беа номинирани и тоа: 7 мали и средни претпријатија и 8 големи компании во кои беше и нашата Компанија.
Тоа значи дека АДИНГ АД ќе има можност да ја претстави својата Компанија во Сојузна Република Германија и во една од поранешните републики на Југославија, под покровителство на Владата на Германија.
На 24.10.2007 год. АДИНГ АД Скопје го зголеми основниот капитал на сопствената фирма АДИНГ Бугарија ЕООД со седиште во Перник, Р. Бугарија.
Капиталот е зголемен од претходните 5.000 лева на 305.000 лева.
Фирмата во која АДИНГ АД Скопје е единствен содружник до сега не беше активна.
Со зголемувањето на капиталот, поврзаното друштво-ќерка откупи земјиште со градежен објект во индустриската зона на Перник (град во непосредна близина на Софија) каде што е во тек дооформување на производствен погон. Планирано е фирмата да започне активно да работи од почетокот на 2008 година.
АДИНГ