2007 » 2008 » 2009
- Одлуки
- Дивиденди
Врз основа на член 63 од Статутот на АДИНГ АД Скопје, Собранието на друштвото на седницата одржана на ден 07.05.2008 ја донесе следната:
ОДЛУКА
1. Нето добивката према годишната сметка за 2007 година се распределува на следниот начин:
20 денари по акција за нето дивиденди на акционерите
за награди на членовите на управен одбор согласно чл.365 од Законот за трговските друштва, чл.36 од Статутот и договорите склучени со членовите на Управен одбор
остатокот за плаќање на персонален данок на дивидендите и нераспределена добивка.
2. Се утврдува дивидендниот календар за распределба на добивката за 2007 година како следи:
2.1. Датум на известување за свикување на собрание на акционери:
14.04.2008 год.;
2.2. Датум на одржување на собранието на акционери:
07.05.2008 год.;
2.3. Последен ден на тргување на МБДХВ 1) со право на дивиденда за 2007 год.:
21.05.2008 год.
2.4. Прв ден на тргување на МБДХВ без право на дивиденда за 2007 год.: 22.05.2008 год.
2.5. Датум на пресек на книга на акции:
26.05.2008 год.
2.6. Исплата на дивиденда за 2007 год.:
во законски рок
4. Одлуката стапува во сила со денот на донесувањето. Одлуката да се достави до финансова служба да ја спроведе истата.
Број: 02 - 2397/3
07.05.2008 год.
Скопје