2007 » 2008 » 2009
- Дневен ред
Врз основа на член 387 и 388 од Законот за трговските друштва, Управниот одбор на АДИНГ АД Скопје упатува:
ЈАВЕН ПОВИК
До акционерите на Деловен систем АДИНГ АД за производство, примена и пласман на хемиски материјали за градежништво и инженеринг работи, Скопје, Новоселски пат бб.
За учество на собранието на друштвото, кое ќе се одржи на ден 14.05.2009 г. со почеток во 14:00 h, во административната зграда во Скопје на ул. Новоселски пат бб со следниот:
Д н е в е н р е д
1 Избор на претседавач на Собранието.
2 Одобрување на годишната сметка, на финансиските извештаи и на годишниот извештај за работата на АДИНГ АД Скопје во 2008 година.
3 Одобрување на консолидирана годишна сметка за 2008 година на поврзаните друштва во деловниот систем.
4 Одлучување за распределба на добивка.
5 Одобрување за работата и за водењето на работењето со друштвото на членовите на управниот одбор.
6 Донесување на одлука за откуп на сопствени акции.
7 Избор на ревизор за годишната сметка за 2009 година.
8 Избор на членови на Надзорен одбор на друштвото
Акционерите кои сакаат да земат учество на собранието треба да се пријават најдоцна пред почетокот на седницата на собранието. Пријавувањето се врши писмено, со доставување во архивата на друштвото или препорачано по пошта. Пријавата доставена по пошта мора да пристигне во друштвото најдоцна пред почетокот на седницата на собранието и да биде уредно потпишана.
Акционерот може со писмено полномошно заверено кај нотар да именува лице кое ќе го застапува на собранието. Во пријавата се наведува дали на собранието ќе учествува и гласа акционерот лично или преку полномошник.
Материјалите за седницата на собранието можат да се разгледуваат во архивата на друштвото секој работен ден до 15:00 h.
од Управен одбор