Македонската градежна компанија Адинг ја информира јавноста дека деновиве отвори своја фирма во Иран, со седиште во Техеран, по што ќе следи изградба на фабрика.
Во тек е изработка на главен проект за нова фабрика која ќе се гради во индустриската зона на Техеран на локација од која производната хала е со површина од 1200 m² и административен дел со лабораторија 2x330m², се вели во соопштението.
Вредноста на производниот комплекс е околу 1.500.000 евра, бројот на вработени ќе изнесува: 15, во производство и 10 во централната канцеларија во Техеран.
Капацитетот на производниот погон е 80.000t годишно од кои околу 90 отсто се наменети за производство на адитиви за бетон, а 10 отсто за производство на прашкасти и пастозни производи.
Предвидено е фабриката да се пушти во работа до крај на 2010 година, а во првата година се очекува пласман од 7.000 до 10.000t
Македонската компанија во оваа година отвори производен погон во бугарскиот град Перник.
Основната дејност на Адинг е производство, пласман и примена на адитиви и други хемиски производи за потребите во градежништвото.
Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
- Нов пробив на македонската компанија во Казахстан
- Награда за АДИНГ АД од Центарот за Институционален Развој
- Награда за општествена одговорност
- Прогласени лидерите на оштествената одговорност во 2009-та
- Меѓународен саем на градежништво 2010
- InPress 21.10.2009 - АДИНГ ќе гради фабрика во Техеран
- MakFax 20.10.2009 - Македонска компанија ќе отвори фабрика во Иран
- Ирански весник 2009 - Објавена реклама
- Нова Македонија 22.10.2009 - „Адинг“ ќе гради фабрика во Иран
- Порта 3 2009 - АДИНГ: Оскар за екологија и одржлив развој
- Seenews 02.06.2009 - Macedonia's ADING invests 2.0 Mln Euro in Business Centre in Skopje , Production unit in Bulgaria
- Порта3 29.05.2009 - Интервју: Благоја Дончев, генерален директор на АДИНГ
- Утрински весник 22.05.2009 - „Адинг“ отвора погон во Бугарија
- Економија и бизнис 11.2008 - АДИНГ: 40 години успешно организирање и профитабилно работење
- Капитал 10.2008 - Ние извезуваме спакуван ум
- Порта 3 05.2008 - 39 години АДИНГ: Успешната приказна ќе продолжи
- Канал5 10.03.2008 - Градежната компанија Адинг го издаде првиот технолошки каталог
