“Наредната година ќе наполниме 40 години од постоењето. Планираме да го прославиме онака како што Адинг навистина заслужува”, вели Благоја Дончев, генералниот директор на Адинг. И навистина, оваа компанија заслужува да се пофали и во широката јавност, по многуте пофалби кои ги добива од бизнис светот. Распространети во многу земји од Балканот и светот, Адинг се единствени македонски извозници на адитиви за градежништвото, а во светски рамки се рангирани како 39-ти најголем извозник во областа. Ги посетивме во нивниот симпатичен објект, со прекрасно уреден двор, а таму срдечно не пречека г. Дончев, кој ни раскажуваше за животниот пат на компанијата. Тој вели дека фирмата се наоѓа во најубавиот период од животот, слично како и кај човекот кога зрелоста и искуството доаѓаат во прв план. Адинг е основана во 1969 година како дел од некогашниот хемиски гигант ОХИС, а нејзина основна дејност е производство, пласман и примена на адитиви и други хемисики состојки за потребите на градежништвото. Адинг е меѓу првите пет приватизирани компании во Македонија, со завршена приватизација во 1996 година.
- Нов пробив на македонската компанија во Казахстан
- Награда за АДИНГ АД од Центарот за Институционален Развој
- Награда за општествена одговорност
- Прогласени лидерите на оштествената одговорност во 2009-та
- Меѓународен саем на градежништво 2010
- InPress 21.10.2009 - АДИНГ ќе гради фабрика во Техеран
- MakFax 20.10.2009 - Македонска компанија ќе отвори фабрика во Иран
- Ирански весник 2009 - Објавена реклама
- Нова Македонија 22.10.2009 - „Адинг“ ќе гради фабрика во Иран
- Порта 3 2009 - АДИНГ: Оскар за екологија и одржлив развој
- Seenews 02.06.2009 - Macedonia's ADING invests 2.0 Mln Euro in Business Centre in Skopje , Production unit in Bulgaria
- Порта3 29.05.2009 - Интервју: Благоја Дончев, генерален директор на АДИНГ
- Утрински весник 22.05.2009 - „Адинг“ отвора погон во Бугарија
- Економија и бизнис 11.2008 - АДИНГ: 40 години успешно организирање и профитабилно работење
- Капитал 10.2008 - Ние извезуваме спакуван ум
- Порта 3 05.2008 - 39 години АДИНГ: Успешната приказна ќе продолжи
- Канал5 10.03.2008 - Градежната компанија Адинг го издаде првиот технолошки каталог