2007 » 2008 » 2009
Предмет: Тековно соопштение според член 158 од ЗХВ
1. Инвестиција на АДИНГ АД Скопје во Р. Бугарија
Ве известуваме дека АДИНГ АД Скопје на 24.10.2007 год. го зголеми основниот капитал на сопствената фирма АДИНГ Бугарија ЕООД со седиште во Перник, Р. Бугарија. Капиталот е зголемен од претходните 5.000 лева на 305.000 лева. Фирмата во која АДИНГ АД Скопје е единствен содружник до сега не беше активна. Со зголемувањето на капиталот, поврзаното друштво-ќерка откупи земјиште со градежен објект во индустриската зона на Перник (град во непосредна близина на Софија) на кое е во тек дооформување на производен погон. Планирано е фирмата да започне активно да работи во скоро време, односно од почетокот на 2008 година.