ISO Стандарди

certifikati

Адинг АД  ги поседува следните сертификати согласно  ISO стандардите:

1.  ISO 9001 менаџмент со квалитет:

- за ISO  9001:2008 со важност  од   13. 05. 2015.год.  до 12.05.2018. год.

- за ISO  9001:2008 со важност  од   13. 05. 2012.год.  до 12.05.2015. год.

- за ISO  9001:2008 со важност  од   26. 05. 2010.год.  до 12.05.2012. год.

- за ISO  9001:2000 со важност  од   13. 05. 2009.год.  до 15.11.2010. год.

- за ISO  9001:2000 со важност  од   13. 05. 2006.год.  до 12.05. 2009.год.

- за ISO  9001:2000 со важност  од   13. 05. 2003.год.  до 13.05. 2006.год.

- за ISO  9001:1994 со важност  од   01. 03. 2000.год.  до 13.05. 2003.год.

- за ISO  9002:1994 со важност  од   26. 05. 1998.год. до  01.03. 2000.год. 

PDF СЕРТИФИКАТ

 

2.  ISO  14001  менаџмент со животна  средина:

-  за  ISO  14001:2004 со важност  од 15. 03. 2015.год.  до 14. 03. 2018.год.

-  за  ISO  14001:2004 со важност од  15. 03. 2012.год.  до 15. 03. 2015.год.

-  за  ISO  14001:2004 со важност  од 15. 03. 2009.год.  до 15. 03. 2012.год.

-  за  ISO  14001:2004 со важност  од 15. 03. 2006.год.  до 15. 03. 2009.год.

Сите процеси на сертификација и ресертификација беа извршени од страна  на SGS Yarsley Certification Services LTD, United Kindgom.

     PDF СЕРТИФИКАТ

Политика на квалитет

 

АДИНГ АД Системот за менаџмент со квалитет го имплементира уште во 1998год. Долгогодишното успешно управување, планирање, контролирање и обезбедување на квалитет со постојано подобрување на задоволството и довербата на заинтересираните страни, овозможи компанијата да го завземе лидерското место меѓу глобалната конкуренција и докажа дека е компанија способна да произведе квалитетни производи и дава квалитетни услуги. 
 
Највисокото раководство на АДИНГ АД ја преиспита и дефинира Политиката за квалитет согласно новите барања на стандардот ISO 9001:2008 со разбирлива визија, недвосмислена мисија и стратегија за нивно остварување со единствена цел за постојано подобрување на барањата и задоволството на корисниците, унапредување на квалитетот на производите, примена и спроведување на пропишаните важечки законски барања, стандарди и други акти, освојување на нови производи, нови пазари, воведување на нови технилогии, нови информациони системи и стручно компетентно усовршување на вработените. Највисокото раководство е одговорно за доследно спроведување на целите зацртани во Политиката за квалитет и нејзина реализација со вклучување на сите вработени во АДИНГ АД.
 
Политиката за квалитет периодично се преиспитува и усовршува од страна на највисокото раководство согласно барањата на меѓународниот стандар ISO 9001:2008.
politika_kvaliteta.pdf   

Изјава за политика за заштита за животната средина

 

           Системот за квалитетно работење на  нашата Компанија подразбира единствен Систем на менаџмент поставен према барањата на  ISO стандардите  9001:2000 и  14001:2004. Тоа го изразуваме со Политиката за квалитет и Политиката за заштита на животна средина.
 
            Со Политиката за заштита на животна средина  се запознаени сите заинтересирани страни; како вработените во Компанијата така и добавувачите и потрошувачите. Компанијата работи еколошки  и се грижи  како за своите вработени  така и за опкружувањето, со што најдобро допринесува  во зачувувањето на животната средина и нејзините медиуми од штетните влијанија при обавување на секојдневните активности  во технолошките процеси.
 
            Во Политиката за заштита на животна средина всушност се преточени сите барања на стандардот ISO 14001:2004 кои целосно ги практикуваме и така го одржуваме Системот за менаџмент со животна средина потврден со сертификат од сертификационата куќа SGS.
izjava_za_politika_za_zastita_za_zivotnata_sredina.pdf   

А - Дозвола за усогласување со оперативен план

 

           На 13.01.2014 АДИНГ доби А - дозвола за усогласување со оперативен план издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање на Р.Македонија. Добивањето на А - интегрирана еколошка дозвола е резултат на усовршувањето и модернизацијата на производството, како и примената на строгите еколошки стандарди што се компатибилни со стандардите на Европската Унија.

Izjava_za_A-dozvola_od_MZSPP.pdf   Nacrt_A-dozvola_Ading.pdf

Акредитација GS1

 

           АДИНГ АД Скопје е долгогодишна членка на GS1 Македонија и од 31.12.2009 има обезбедено акредитација за користење на доделениот GS1 компаниски префикс - единствен матичен GS` број за баркодирање на производите и услугите. Акредитација е продолжена за периодот од 31.12.2015 до 31.12.2016 година.

GS1-2016.pdf