Производна Програма - Градежни производи
» Силиконска импрегнација
| Продукт |
Опис и Примена |
Пакување |
|
Фасил-К
|
Концентрирано силиконско средство за постигнување хидрофобност на порозни материјали. Се применува во индустријата за производство на силикатни тули, керамиди, гипсани елементи. Пред употреба се разредува со вода во однос 1:20. |
 |
|
ФАСИЛ-В
|
Силиконско заштитно средство за постигнување хидрофобност на порозни материјали. Се применува за импрегнирање на: силикатни тули, керамиди и други елементи од керамика, гипсани елементи, бетонски, малтерисани и камени фасадни површини. |
 |
|
Бетофин
|
Транспарентен еднокомпонентен премаз за импрегнирање на бетонските површини, произведен врз база на силикати. Трајно ја затвора површинската структура на бетонот зголемувајки му ја отпорноста на абење, водонепропусноста и отпорноста на мраз и агресии. Се применува за третирање на стари и нови бетонски површини во магацини, стоваришта, фабрички подови, хангари, гаражи. |
 |
» Заштита на свеж бетон
| Продукт |
Опис и Примена |
Пакување |
|
Заштита-Б
|
Средство на основа на растворувачи за заштита од пребрзо испарување на водата од свежо вграден бетон. |
 |
|
Заштита-Б3
|
Средство на основа на акрилатна смола за заштита од пребрзо испарување на водата од свежо вграден бетон. |
 |
» Готови малтери
| Продукт |
Опис и Примена |
Пакување |
|
Термал-ин
|
Готов малтер за машинско малтерисување произведен врз база на вар и цемент. Се применува за машинско малтерисување на ѕидни површини. |
 |
|
Баритен малтер
|
Систем за заштита од рендгенско зрачење. Системот се состои од баритен шприц, баритен малтер ( д = 4 см ) и баритен глет. Се применува за малтерисување во рендгенски кабинети. |
 |
» Растворувачи
| Продукт |
Опис и Примена |
Пакување |
|
Растворувач-П
|
Растворувач на основа на толуол. Се применува за разредување на: Битек-М, Адингдезмо, Адингпокс-Н, Адингпокс-1М, Адингпокс-И, Адингпокс-тер, Антикорозин-Е, Пламмал-3Д, Адинпокс-Л, Адингмаркер-П, Адингколор-РФ, Адингколор-РБ. |
 |
|
Растворувач-ЕКО
|
Растворувач на основа на етил-алкохол. Се применува за разредување на сите епоксидни системи со наставка "ЕКО". |
 |
» Полнила
| Продукт |
Опис и Примена |
Пакување |
|
Полнило-С/X
|
Кварцен песок со променлива гранулација во зависност од намената. Се применува како полнило за епоксидните системи при нанесување на хоризонтални подлоги. |
 |
|
Полнило-С/B
|
Кварцен песок со додатоци. Се применува како полнило за епоксидните системи при нанесување на вертикални подлоги. |
 |
» Отстранувачи на корозија
| Продукт |
Опис и Примена |
Пакување |
|
Адинг рост
|
Средство за отстранување на корозија од метални површини а воедно ги штити металните површини од корозија. |
 |
» Средства за чистење на метални површини
| Продукт |
Опис и Примена |
Пакување |
|
Бетонрид
|
Средство за чистење на остатоци од малтер, бетон, цементно млеко, маснотии и корозивни наслаги од метални површини. |
 |