Производна Програма - Индустриски и спортски подови
» Епоксидни подни системи
| Продукт |
Опис и Примена |
Пакување |
|
Адингпокс-1П EKO
|
Нисковискозна двокомпонентна епоксидна смола без растворувачи. Се применува како: претпремаз за цементни подлоги при нанесување на сите епоксидни системи и импрегнатор за бетонски површини или површини од цементен малтер. |
 |
|
Адингпокс-1ПB
|
Нисковискозна двокомпонентна епоксидна смола без растворувачи. Се применува како: специјален претпремаз за влажни цементни подлоги при нанесување на сите епоксидни системи. |
 |
|
Адингпокс-1Б EKO
|
Двокомпонентна епоксидна смола без растворувачи. Се применува како хемиски отпорен и декоративен премаз на подни, ѕидни и плафонски површини во, магацини, гаражи, паркиралишта, производствени погони, болници, лаборатории, училишта, трговски центри, спортски сали, резервоари. Се нанесува на подлога од бетон, цементен малтер или челик. |
 |
|
Адингпокс-2 EKO
|
Двокомпонентна епоксидна смола без растворувачи за саморазливни подни наноси: - се меша со кварцно полнило - за мазни и противклизни подлоги - добра хемиска отпорност - високи механички карактеристики |
 |
|
Адингпокс-1 EKO
|
Двокомпонентна епоксидна смола без растворувачи. Се применува како декоративен малтер подготвен со кварцен песок во боја и како завршен транспарентен премаз. |
 |
|
Адингстатик
|
Трикомпонентен епоксиден систем без растворувач. Се применува како статички проводлив под со отпорност помеѓу 5х104 и 1х106 ом , во објекти како што се производствени хали за електронска опрема, операциони сали, електронски лаборатории, компјутерски центри, производствени погони и магацини за бои, лакови и растворувачи, погони за производство на ткаенини и влакна, "чисти" соби. |
 |
» Спортски системи
| Продукт |
Опис и Примена |
Пакување |
|
Адингфаворит
|
АДИНГФАВОРИТ е декоративен спроски завршен систем изработен на акрилатна основа, формулирана да може да се аплицира на асфалтна и бетонска подлога. АДИНГФАВОРИТ спортскиот систем, како висококвалитетна завршна подлога е идеален за изведба на тениски игралишта, кошаркарски игралишта, повеќенаменски спортски подлоги, пешачки патеки, велосипедски патеки. |
 |
» Цементни подни системи
| Продукт |
Опис и Примена |
Пакување |
|
Подинг-K
|
Монолитен завршен нанос со д=3-5мм, произведен на цементна основа и кварцно полнило. Се применува кај механички оптоварени подови од кои се бара висока абразиона отпорност, како што се магацини, ладилници, паркиралишта, работилници, автосервиси, бензиски станици, хелиодроми, електрани. Се произведува во сива, црвена и зелена боја. |
 |
|
Подинг-KK
|
Монолитен завршен нанос со д=3-5мм, произведен на цементна основа и корунт. Се применува кај високо механички оптоварени подови од кои се бара висока абразиона отпорност: како што се магацини, ладилници, паркиралишта, работилници, автосервиси, бензински станици, хелиодроми, електрани. Се произведува во сива, црвена и зелена боја. |
 |