2007 » 2008 » 2009
- Одлуки
- Сопствени акции
Врз основа на член 333 став 1 од Законот за трговските друштва, Собранието на АДИНГ а.д. Скопје, на седницата одржана на ден 17.05.2007 год. ја донесе следната:
ОДЛУКА
за откуп на сопствени акции
Член 1
Се одобрува откуп на сопствени обични акции со право на глас, најмногу во висина од 1/10 од основната главнина.
Член 2
Откупот на сопствени акции ќе се врши на Македонската берза, преку овластена брокерска куќа.
Откупот на сопствени акции не смее да надмине количина од 38.640 акции што претставува 10% од основната главнина на друштвото.
Рокот на откупот не може да биде подолг од 12 месеци од денот на донесувањето на оваа Одлука.
Член 3
Откупот на сопствени акции ќе се изврши од средства од имотот на друштвото кој го надминува износот на основната главнина и резервниот Фонд на друштвото.
Член 4
Цената на акциите по кои ќе се откупат може да се движи до 10% пониско или повисоко од последната просечна дневна цена на акциите пред денот на откупот.
Со одлука на Управниот одбор, по претходна согласност на Надзорниот одбор, акциите може да се откупат по цена надвор од рамките утврдени во став 1 од овој член, доколку откупот е неопходен да се спречи сериозна штета што би ја претрпело друштвото како последица на поголеми поместувања на пазарот.
Акциите можат да се откупуваат со поединечни берзански трансакции или како блок трансакции.
Член 5
Одлуката стапува на сила со денот на нејзино донесување.
Број: 02-3749/3
23.05.2007 год.
Скопје.