РЕЗИМЕ ЗА КОМПАНИЈАТА
• АДИНГ е компанија со акционерски капитал специјализирана за производство и пласман на адитиви и други хемиски материјали за градежништво.
• Компанијата е основана на 30.5.1969 година.
• Со донесувањето на Законот за општествен капитал и Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, започната е приватизацијата на компанијата и таа е целосно завршена и регистрирана во судскиот регистар во текот на 1996.
• Компанијата е организирана како акционерско друштво со основна главнина од 3.857.636 € . Основната главнина ја сочинуваат вкупно 386.400 обични акции со номинална вредност на една акција од 9,983 € .
• Акциите на „Адинг“ се тргуваат на неофицијалниот пазар на јавно поседувани друштва на Македонската берза на долгорочни хартии од вредност. Првото тргување со акциите на „Адинг“АД Скопје е регистрирано на 27.12.1997 година.
• Производството се врши во капацитетите во седиштето на компанијата во Скопје, а дел е организирано и во Р.Бугарија и Казахстан. Производството на АДИНГ го следат и стручни служби: примена, пласман и инженеринг, детална контрола на квалитетот на производите и развој на нови производи. Техничката и професионалната помош се извршуваат не само во просториите на компанијата, туку и на терен по барање на деловните партнери.
• Компанијата поседува и фирми во своја целосна и делумна сопственост и тоа:


Во Македонија:
• БИЗНИС ЦЕНТАР АДИНГ Скопје,
• ИНВЕСТ А Скопје,
• БИРО ПРОЕКТ Скопје,
• ЛА - Хемија Скопје,
• ГРАДИТЕЛ АДИНГ Скопје,
Во странство:
• АДИНГ Белград,
• АДИНГ Бугарија,
• АДИНГ филијала Алма Ата, Казахстан,
• АДИНГ - Хелас
• Компанијата е комплетно осмислена и опремена за квалитетно извршување на дејноста со можност за зголемување на сегашниот обем на производство и продажба.
• Маркетинг мото на компанијата е за секој клиент во Македонија, Југоисточна Европа, Русија, Блискиот Исток и Централна Азија навреме да обезбеди квалитетни хемиски производи потребни за градежништвото, супериорна техничка и професионална помош, со поголема сигурност и конкурентност од која било слична компанија во овој дел од светот.