Согласно Законот за градежни произоди објавен во Службен весник на РМ бр.39/06, кој е хармонизиран со Директивата бр.89/106/ЕЕС на Европскиот совет,
како и со измената бр.93/68/ЕЕС, поголем дел од производите на производната програма на АДИНГ АД Скопје поседуваат ЕС Сертификати за контрола на фабричкото
производство, а со тоа и право на сертифицираните производи да се постави
ознаката.
Со овие Сертификати се потврдува дека со контрола на фабричкото производство сертифицираните производи се во сообразност со барањата од следните европски норми:
EN 934-2:2009
Адитиви за бетон, малтер и инјекциска смеса
- Дел2: Адитиви за бетон - Дефиниции, барања, сообразност, обележување и етикетирање.
EN 1504-3:2005
Производи и системи за заштита и репарација на бетонски конструкции
- Дефиниции, барања, контрола на квалитет и оцена на сообразност
- Дел3: Конструктивни и неконструктивнирепарации
ознаката овозможува непречен пласман на производите на единствениот пазар на земјите членки на
ЕФТА и на Европската Унија.