Image31 Авг 2023

ОПЛАТИН МИКС - Средство за подмачкување на опрема за производство, транспорт и вградување на бетон

Оплатин Микс е средство наменето за премачкување на опремата за изработка, транспорт и вградување на бетон или малтер, која е во директен контакт со свежата бетонска/ малтерска мешавина, со цел истата полесно да се исчисти по употребата. Производот го намалува лепењето на цементните мешавини врз металната површината на опремата. Кај долгите процеси на континуирано производство на бетон, овој производ овозможува подолг период на производство помеѓу две чистења на опремата, а со тоа и помалку прекини во процесот. 

КАРАКТЕРИСТИКИ

Производот ги има следните карактеристики:

- Олеснување на чистењето на површините, кои се директен контакт со бетон или малтер;

- Намалување на лепењето на бетонот врз металната површина од опремата;

- Го зголемува бројот на циклуси за производство на бетон помеѓу две чистења на опремата;

- Продолжување на работниот век на опремата за производство на бетон и малтер;

- Намалување на енергијата и ресурсите потребни за одржување и употреба на опремата;

- Не е корозивен за металните делови на мешалката;

- Лесно и едноставно нанесување со распрскување;

- Може да се нанесува на влажни површини;

- Нетоксичен, без растоврувачи и со мала потрошувачка.

НАНЕСУВАЊЕ

Оплатин Микс се нанесува на чиста метална површина без остатоци од бетон или малтер. Нанесувањето се врши со распрскување, со четка или ваљак, пред да се започне со работа, со цел опремата полесно да се исчисти по употребата. Кај долгите процеси на континуирано производство на бетон, кога е потребно опремата да се исчисти во текот на работата, Оплатин Микс може да се нанесува на влажни површини. Температурата при нанесување треба да биде од 0 до 40˚С. 

ПОТРОШУВАЧКА

Потрошувачка: 0,02-0,03kg/m².

Изработиле:

Гиновска Марија д.и.а, Никола Узунов д.г.и