Image7 Ное 2017

Учество на стручен собир од областа на рударството ПОДЕКС – ПОВЕКС 2017

Од 03 до 05ти ноември, во Охрид, се одржа X-то меѓународно стручно советување од областа на подземната и површинската експлоатација на минерални суровини ПОДЕКС – ПОВЕКС 2017.

На советувањето беа презентирани новите техничко – технолошки достигнувања и остварените производни резултати во подземната и површинската експлоатација на корисни минерални суровини.

Беа разменети идеи за разрешување на актуелните проблеми како и совети за понатамошен развој на рударско геолошката дејност во Македонија и регионот.

Меѓу 200 присутни, од кои најголем дел рударски инженери, нашите инженери имаа техничка презентација во која ја презентираа компанијата, и производната програма со особен акцент на адитивите кои се користат за стабилизација на косини и торкретирање на бетони, материјалите за санација и заштита на бетонски конструкции во согласност со ЕН 1504, материјали за инјектирање на анкери како и фолии и мембрани за хидроизолации, геотехника и заштита од хемиска агрсија.

Беа презентирани и материјалите за инјектирање од TPH Хамбург чиј застапник е Бизнис Центар Адинг.