Цел на проектот „Нови бизниси 2019“

Да се дојде до нови профитабилни бизниси кои ќе може да ги развиваме заедно со Вас.

Кој може да учествува?

Сите поединци или компании кои сметаат дека имаат добра идеја, за која е потребна поддршка и која понатаму би можеле да ја развиваме заеднички.

Рок за аплицирање со бизнис идеја

Стриктно ограничување нема. Периодот на реализација на проектот е до 2019 година – колку поскоро добиеме предлог, толку подобро.

Како се аплицира?

Откако ќе ја пополните кратката апликација подолу, ќе бидете контактирани во рок од 10 дена за понатамошни чекори.

Како се прави селекција на бизнис идеите?

Зад проектот Нови бизниси стои тим кој ги разгледува сите предлози и прави избор на идеи и предлози кои ќе се земат предвид за понатамошно разгледување и развивање.

Напомена:

Сите предложени идеи ќе бидат соодветно заштитени.;бр: Контакт e-mail за прашања и информации: novibiznisi@ading.com.mk

АПЛИКАЦИЈА ЗА НОВИ БИЗНИСИ 2019

*Доколку имате направено истражување на пазарот, конкуренцијата од оваа област, потребни ресурси за понатамошен развој и маркетинг стратегија, внесете ги како дополнителна ставка во краткиот опис на бизнис идејата. Оваа ставка не е задолжителна.

НАПОМЕНА:

  • - Секој кандидат ќе биде известен во рок од 10 дена за статусот на неговата апликација. Доколку комисијата смета дека предложената идеја е прифатлива за понатамошно разгледување, кандидатот ке биде дополнително контактиран на e-mail или телефонски.
  • - Сите податоци кои се дадени во апликацијата ке бидат чувани во тајност.