Армирано-бетонските и челичните конструкции се постојано изложени на агресивни надворешни влијанија кои за краен резултат ја имаат карбонатизацијата на бетонот и арматурата. АДИНГ во континуитет развива и унапредува заштитни премази кои го максимизираат векот на експлоатација на објектите и кои се сертифицирани и во согласност со европскиот стандард EN 1504. Оваа категорија производи и системи ги обединува премазите за заштита на бетон и челик, средствата за импрегнација и хидрофобна импрегнација, како и напредните инхибитори на корозија. Наспроти обичните бои присутни на пазарот кои нудат само естетско освежување, нашите системи обезбедуваат суштинска антикорозивна заштита, спречувајќи го агресивното дејство на влагата, хлоридите и јаглеродниот диоксид. Со нивното нанесување се формира цврста, UV-отпорна, но истовремено паропропустлива бариера која ја заштитува структурата на материјалот и арматурата, дозволувајќи му на објектот природно да „дише“. Овие заштитни производи и системи се применети подеднакво и при изведба на нови објекти и при нивна санација на речиси сите инфраструктурни објекти (мостови, вијадукти, тунели, потпорни ѕидови, бариери) и индустриските објекти во урбани или вон урбани средини. Трајноста и трошоците за одржување на објектот во текот на неговата експлоатација се во директна корелација со финалниот слој на заштита кои го даваат нашите заштитни премази.