Репарација на бетони

Со правилното одржување, санација и реконструкција на АБ конструкциите се продолжува нивниот век на експлоатација. Производите и системите за репарации на бетони се дизајнирани и се во сообразност со барањата од Европските норми EN 1504. Групата РЕПАРАЦИЈА НА БЕТОНИ вклучува прајмери за врска меѓу стар и нов бетон, цементни и епоксидни репаратурни малтери, готови малтери за торкретирање, како и смеси за епоксидно инјектирање. За разлика од обичните малтери, овие производи се одликуваат со високи механички својства и одлично се врзуваат со постоечката подлога. Применети се при конструктивна санација на оштетени армирано-бетонски конструкции, пополнување на пукнатини и зајакнување на носивите АБ елементи. Овој тип на производи развиваат висока јакост и создаваат цврста врска со бетонот и челикот, спречуваат идно „пропаѓање“ на бетонот и ја штитат арматурата во него. Покрај самите формулации, ова е специфична група на производи чија вредност ја дополнуваат нашите инженерски тимови, на терен или во акредитираната лабораторија. АДИНГ е синоним за знаење и шест децении искуство во сите фази на санациите: вршење на увид и проценка на состојбата во која се наоѓа конструкцијата, изработка на проект за санација, избор на материјали и технологија на изведба и стручна помош при апликацијата. Примената е кај бетонски АБ-конструкции од високоградбата, хидротехнички објекти, индустриски објекти, мостови, тунели, фабрички оџаци и други специфични инженерски објекти.