Ова се производи наменети за изведба на трајни и отпорни подни површини, сертифицирани според европските стандарди и докажани како одлични решенија за завршна обработка на подови. За разлика од обичните незаштитени бетонски површини кои брзо се абат и создаваат прашина, овие производи обезбедуваат монолитност, исклучителна отпорност на механички удари, хемикалии и интензивен сообраќај. Најпрво групата вклучува неколку епоксидни подни системи од линијата АДИНГПОКС и цементни индустриски подови ПОДИНГ. Истите се применуваат за подови во магацини, производствени хали, паркинзи, болнички одделенија, како и за објекти со строги хигиенски и температурни барања (прехранбена индустрија, разладни комори). Нашиот акрилен спортски поден систем АДИНГФАВОРИТ е меѓународно сертифициран (ITF) за изведба на тениски терени. Но системот е нашироко применет и кај спортски игралишта во урбаните средини (кошарка, фудбал, ракомет), детски игралишта, патеки за рекреација. Тука се и заштитните бои и премази за бетонски подови кои имаат и заштитна и декоративна функција, но и премази за асфалтни површини за обележување на патна сигнализација, патишта, паркиралишта. Со правилен избор на овие подни системи, добивате долготрајна заштита, одличен естетски изглед и оптимално решение за секој индустриски или комерцијален објект.