Палетата на производи од АДИНГ опфаќа висококвалитетни адитиви за производство на бетон и малтер сертифицирани според европските стандарди. Нивната улога е суштински да ги подобрат физичко-механичките својства на свежата бетонска смеса и на оцврснатиот бетон. Дел од нив се пластификатори, суперпластификатори, аеранти, специјализирани адитиви за зимско бетонирања и воднопепропусни бетони, забрзувачи на врзувањето и тн.
Решенијата се базирани на напредни поликарбоксилатни (PCE) технологии кои овозможуваат максимално намалување на водоцементниот фактор (W/C). Со нивната примена се задржува одличната вградливост и конзистенција на бетонот без ризик од сегрегација, што е клучно при производство на пумпан бетон, транспортен бетон и префабрикувани бетонски елементи. Една од главните карактеристики е нивната компатибилност со стандардните цементи, надополнета со стручна техничка поддршка и лабораториска оптимизација на бетонските рецептури. Со нивна употреба се гарантира постигнување на проектираната класа на бетон, високи рани и крајни јакости на притисок, отпорност на мраз и зголемена трајност на армирано-бетонските конструкции.
Додатоците за бетон се најстарата и најширока производна група од гамата на Адинг. Самото име АДИНГ е кованица од зборовите „адитиви“ и „инженеринг“. Применети се за производство на бетони за сите видови на градежни објекти. Нивната употреба обезбедува економично бетонирање, одржливо градење и трајни градежни објекти.