Градежните лепила се повеќе од 30 години дел од производната програма на АДИНГ. Лепила за керамика од линијата ХИДРОКОЛ, се наменети за: внатрешна и надворешна употреба, водонепропусни лепила, лепила „плочка на плочка“, брзоврзувачки лепила и флексибилни лепила за плочки со големи формати. Фасадните лепила од линијата СТИРОКОЛ се наменети за изработка на термоизолациони фасади. Понатаму, нудиме и лепила за тенкослојно ѕидање со леснобетонски блокови (сипорекс), но и специјални лепила за бетонски и метални елементи. Секој производ е формулиран да обезбеди цврста врска, ефикасност во работењето и долготраен резултат. Дел од оваа група се и смесите за фугирање кои се водонепропусни, бактериолошки отпорни и отпорни на мувла и габи.