Смеси за залевање

Смесите за залевање се користат при изведбата на конструктивни детали каде се бара прецизност и сигурен пренос на високи товари. Оваа група на производи вклучува готови малтери на цементна основа за залевање и подливање, како и посебни додатоци за инјектирање на кабли за претходно напрегнување, сертифицирани според EN 1504. За разлика од обичните цементни мешавини кај кои се јавува изразени деформации од собирање, производите ги одликува контролирано ширење кое спречува појава на пукнатини и создава идеален контакт меѓу елементите. Формулациите и нивниот состав овозможуваат саморазливност и лесно вградување во тешко достапни места, без ризик од издвојување на вода. Материјалите брзо достигнуваат висока јакост и одлично се врзуваат со бетонската и челичната подлога. Со нивното вградување се елиминираат слабите точки и се гарантира сигурност и стабилност на конструкцијата. Применети се кај инфраструктурни, индустриски и други градежни објекти, за прецизно подливање на мостовски лежишта, крански патеки, тешка индустриска опрема, како и за анкерирање на арматура во бетон.