Визијата на АДИНГ секогаш била и е да се биде чекор пред останатите и очекуваното, притоа кршејќи ги стереотипите и вообичаените практики. Всушност, мотото и целта да се биде „состојка на секоја градба“ ја покажува насоката кон која се стремиме, го покажува нашиот градителски дух и потребата од нови предизвици.

Мисија на компанијата е за секој клиент во Македонија, Југоисточна Европа, Русија, Блискиот Исток и Централна Азија навреме да обезбеди квалитетни хемиски производи потребни за градежништвото, супериорна техничка и професионална помош, со поголема сигурност и конкурентност од која било слична компанија во овој дел од светот.