Централна лабораторија Адинг (ЦЛА) е лабораторија која што врши испитувања на градежни материјали: цемент, агрегат, испитувања на свеж и оцврснат бетон, како и испитувања на малтери за ѕидање.
На 16.09.2015 година, ЦЛА се стекна со сертификат за акредитација Бр. ЛП-055, од страна на Институтот за Акредитација на Р.Македонија и притоа е акредитирана за 20 методи на тестирање од погоре наведените области.
Со овој сертификат се потврдува дека лабораторијата ги исполнува барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2006 за дејностите кои што се опишани во прилогот на сертификатот. Во прилогот на сертификатот е дадена листа на сите методи за тестирање за кои што е акредитирана лабораторијата.
ЦЛА веќе подолго време успешно ја остварува својата дејност и континуирано работи на унапредување на своето работење и подигнување на нивото на услуги кои што ги нуди.

Pdf. Сертификат за акредитација
Pdf. Прилог кон сертификат за акредитација

Доколку сте во можност, Ве молиме пополнете го краткиот анкетен лист за следење на задоволство на корисниците на ЦЛА.