Фирми членки на групација Адинг

Бизнис Центар АДИНГ дооел
Тел/Факс: + 389 2 20 35 170
Адреса: ул. Кузман Шапкарев бр. 5 1060 Скопје
E-mail: info@bc-a.com.mk
Web: www.bca.mk

Image

„Бизнис Центар Адинг“ ДООЕЛ Скопје, е компанија основана во 1991-та година со основна дејност трговија на големо со градежни материјали. Структурата на производите која е застапена во продажната палета е за потребите на градежништвото со асортиман на домашни и странски брендови.
„Бизнис Центар Адинг“ е дистрибутер и застапник на кровните мембрани Firestone, TPH материјалите за инјектирање и системите за водоотпорност и одводните системи и канали Graspointner.
Во „Бизнис Центар Адинг“ може да се најдат и производи за ентериери од програмата на VOX, профили за дилатација од програмата на NetYapi, бутилна трака, геотекстил и ПП фибри.

ИНВЕСТ-А, Скопје
Тел: + 389 2 20 34 840
Факс: + 389 2 20 34 850
Адреса: Новоселски пат (ул.1409) бр.11, 1060 Скопје
E-mail: investa@t-home.mk
Web: www.investa.com.mk

Image

„Инвест А“ ДООЕЛ Скопје, е компанија основана во 2001 година со главна дејност за завршни и санациски работи во градежништвото со материјали од производната програма на „Адинг“ и материјали од странски фирми кои ги застапува „Бизнис Центар Адинг“. Компанијата располага со искусен инженерски кадар од архитектонски и градежен профил и адекватна опрема и алат за дејностите што ги извршува.
„Инвест– А“ поседува А лиценца за надзор на изградба на градби од прва категорија и Б лиценца за изведувач на градби од втора категорија, со забележителната референтна листа на значајни административни и стопански објекти во Р. Македонија и регионот.

БИРО ПРОЕКТ, Скопје
Тел: + 389 2 32 43 790
Факс: + 389 2 32 43 796
Адреса: Ул.Васил Ѓоргов бр.21, вл.2, лок.8, 1000 Скопје
E-mail: biroproekt@biroproekt.com.mk
Web: www.biroproekt.com.mk

Image

„Биро проект“ ДООЕЛ Скопје, е компанија основана во 2002 година која нуди услуги од областа на проектирањето, проценката на недвижен имот, хортикултурата и маркетингот.
Проектантскиот тим ги изработува сите фази во процесот на проектирањето и ги поседува сите потребни лиценци и овластувања за проектирање и надзор, а, исто така, поседува лиценца за процена на недвижен имот.
За хортикултурното и партерното уредување задолжен е специјализиран тим за дизајнирање и изведба.
Во делот на маркетиншките услуги „Биро Проект“ нуди поддршка во областите на – графичкиот дизајн, менаџирањето на корпоративни настани и односите со јавност.

ЛА ХЕМИЈА, Скопје
Тел: + 389 2 2034 861
Тел: + 389 2 2034 862
Факс: + 389 2 2034 864
Адреса: Новоселски пат (ул.1409) бр.11 п.ф. 98, 1060 Скопје
E-mail: info@lahemija.com.mk
Web: www.lahemija.com.mk

Image

„Ла Хемија“ е партнерска фирма основана во 2001 година во Скопје во делумна сопственост на „АДИНГ“ и грчки партнери. Нејзината главна дејност е трговија на големо и мало