Вработени

Image

• Динамика на вработување

Нашата компанија постојано има нови вработувања на млади и стручни кадри. Приближно ист број на вработени заминуваат во пензија или им престанува работниот однос како структурален или организационен вишок. На тој начин се менува квалификационата и старосната структура на вработените.

• Едукација на кадарот

Во нашата компанија посебно се води сметка за усовршување на кадарот преку финансирање во дообука и специјализација на кадрите преку разни форми на едукација. Обуката за користење на разновидни софтверски алатки е задолжителна за најголем број вработени. Едукацијата за новините во одредени области главно се одвива преку посетување и учество на семинари и саеми во земјата и во странство, набавка на стручна литература, како и редовна претплата на реномирани стручни списанија.

• Остварување на правата преку Колективни договори

Вработените своите права и обврски ги остваруваат во рамките на Колективниот договор потпишан со синдикалната организација како рамноправен партнер во договарањето, согласно Гранскиот договор и Законот за работни односи.

Image