Резиме на компанијата

АДИНГ е водечка компанија во Југоисточна Европа за производство и пласман на хемиски материјали за градежништвото, основана на 30.05.1969 година. Компанијата е организирана како акционерско друштво со основна главнина од 3.857.636 €. Основната главнина ја сочинуваат вкупно 386.400 обични акции со номинална вредност на една акција од 9,983€. Акциите на АДИНГ се тргуваат на официјалниот пазар на Македонската берза на котирани хартии од вредност. Првото тргување со акциите на АДИНГ АД, Скопје, е регистрирано на 27.12.1997 година.

Седиштето на матичната компанија и најголемиот производствен погон се наоѓаат во Скопје, Р.Македонија, а со свои претставништва и дистрибутери е присутна на повеќе од 13 пазари од регионот на Југоисточна Европа, Блискиот Исток и Азија. Компанијата е присутна со свои производствени погони и во Р.Бугарија и Р.Иран, додека свои фирми претставништва има во Р.Србија, Р.Казахстан и Р.Грција.

Image

Производствената програма ја сочинуваат повеќе од 100 производи кои нудат решенија за најспецифични проблеми со кои се соочува модерното градежништво. Речиси 60% од производството на компанијата денес се пласира на надворешните пазари, па оттука и големиот број на референтни објекти на овие пазари каде се вградени производите и технологиите на АДИНГ.

Компанијата е една од првите сертифицирани компании со ISO 9001:2000 во Р.Македонија и менаџментот на компанијата има преземено професионална обврска за постојаното подобрување на квалитетот на производите и услугите, грижата кон клиентите и вработените. Поседувањето на сертификатот ISO 14001:2004 ја докажува грижата и активната политика на АДИНГ кон животната средина и вниманието кон неа, а на почетокот од 2014-та година, компанија се стекна и со А-Интегрирана еколошка дозвола. Токму некои од овие квалитети се многупати препознати од заедницата во која работиме и кои ја потврдуваат нашата позиција како општествено одговорна компанија.

Од септември 2015-та година, Централната лабораторија Адинг (ЦЛА), се здоби со Сертификат за акредитација бр. ЛТ-055. Со овој сертификат се потврдува дека лабораторијата ги исполнува барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC17025:2006. Централна лабораторија Адинг е лабораторија акредитирана за 20 методи на испитување од областа на цемент, агрегат, бетон и малтер за ѕидање.

Целата групација АДИНГ, денес има повеќе од 150 вработени од кои околу 90 вработени се во матичната компанија, а останатите во компаниите членки на групацијата во Р.Македонија и светот. АДИНГ е инженерска компанија со повеќе од 40% градежни инженери, архитекти, хемиски инженери, технолози и други високостручни профили кои работат во секторите: Производство, Техничка примена и пласман, Истражување и развој, Контрола на квалитет итн.

Со постојано вложување во вработените и нивните знаења, прераснавме во компанија која освен по квалитетот и перформансот на производите, клиентите ја препознаваат и по технологиите и знаењето со кое располагаат инженерските кадри. Ова се главните конкурентски предности и квалитети на АДИНГ. Инженерите на АДИНГ се секогаш подготвени да понудат техничко решение, технологија и производ каде било и во кое било време, во рок од 48 часа. Визијата на АДИНГ секогаш била и е да се биде чекор пред останатите и очекуваното, притоа кршејќи ги стереотипите и вообичаените практики. Всушност, мотото и целта да се биде "состојка на секоја градба" ја покажува насоката кон која се стремиме, го покажува нашиот градителски дух и потребата од нови предизвици.
Компанијата поседува и фирми во своја целосна и делумна сопственост и тоа:

Image

ВО МАКЕДОНИЈА:
• БИЗНИС ЦЕНТАР АДИНГ Скопје,
• ИНВЕСТ- А Скопје,
• БИРО ПРОЕКТ Скопје,
• ЛА- Хемија Скопје,

ВО СТРАНСТВО:
• АДИНГ Белград,
• АДИНГ Бугарија,
• АДИНГ Казахстан,
• АДИНГ Хелас, 
• АДИНГ Шими Парс

• Компанијата е комплетно осмислена и опремена за квалитетно извршување на дејноста со можност за зголемување на сегашниот обем на производство и продажба.
• Маркетинг мото на компанијата е за секој клиент во Македонија, Југоисточна Европа, Русија, Блискиот Исток и Централна Азија навреме да обезбеди квалитетни хемиски производи потребни за градежништвото, супериорна техничка и професионална помош, со поголема сигурност и конкурентност од која било слична компанија во овој дел од светот.