Успехот на една компанија се гледа не само во резултатите туку и во она што таа го прави за заедницата и околината во која дејствува.
Општествената одговорност и грижата за општото добро е не само обврска, туку и претставува задоволство за „АДИНГ“. Ова се дел од секојдневните активности и развојните планови на компанијата.

Производите кои ги дистрибуираме се со висок и постојан квалитет, а постојано се усовршуваат и унапредуваат се со цел задоволување на потребите и барањата на нашите клиенти.
Сите наши објекти се проектирани и изградени на начин кој обезбедува заштита на околината, а мерките за заштита при работа се почитуваат во рамките на целата компанија.


„АДИНГ“ има добиено повеќе награди и признанија од областа на екологијата – меѓу кои: наградата за најеколошка компанија, фирма со успешна примена на ISO 14001 и придонес за зачувување на животната средина во 2010 година и наградата за најдобро уреден двор на стопански објект во град Скопје во 2013 година.

slika-dvor slika-dvor-2


Во „АДИНГ“ го поддржуваме развојот на младите кадри. Имаме воспоставена успешна соработка со неколку високообразовни институции со интенција таа да се прошири во иднина: Градежен факултет, Архитектонски факултет и Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ.
Нашата компанија е вклучена и во поддршка на проекти и иницијативи кои придонесуваат за развојот на спортот (поддршка на Скопскиот маратон), подобрување на безбедноста во сообраќајот (како дел од проектот „100 пешачки премини за безбедност на 10.000 ученици“), бројни донации за помош на изградба на црковни објекти и манастири како и поддршка на позначајните настани од областа на градежништвото и архитектурата во земјата (Големата годишна награда за архитектура).

 


Наградата за „Одговорен однос кон вработените за 2009-та година” зборува за грижата и одговорноста на компанијата кон нашите вработени. Континуирано ги подобруваме условите и опремата за работа, промовираме таленти и нивните способности, инвестираме во обуки и надградување на нивното знаење, се грижиме за нивното здравје и безбедноста. Исто така, се промовира доверба меѓу вработените, нема полова, расна, старосна, социјална или хендикеп дискриминација, се почитува законската регулатива во сите сегменти на работењето.
Принесувањето за подобрувањето на квалитетот на животот на нашата заедница била и ќе остане една од нашите најважни цели и насока во која ќе продолжиме да дејствуваме и понатаму.