Image12 Мар 2013

Признание за Адинговите инвестиции надвор од РМ

Стопанската комора на Македонија ја одбележa 91-та годишнина од своето постоење со пригодна свеченост во Стопанската комора на Македонија (18.2.2013 година).

Годинава тоа беше направено со еден скромен собир на компаниите кои во услови на криза од 2008 година до денес се одважија да пркосат на истата и со нови инвестиции во производни капацитети во странство и нови вработувања, да докажат дека македонската економија има иднина.

И што е уште позначајно, како што истакна Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, присутните челници на овие компании, не само што инвестираа кај нас, туку изградија свои производствени погони и надвор од нашите граници.

Стопанска комора на Македонија во оваа прилика им додели признанија на компаниите кои инвестирале во нови производни погони во Република Македонија и странство во периодот од 2008 година до денес, меѓу кои и на Адинг за инвестициите во Бугарија и Иран. Наградата му беше врачена на нашиот генерален директор и претседател на УО, г-дин Благоја Дончев.