Годинава, Адинг ја имаше честа да биде прогласен за „Скриен шампион“. Скриени шампиони се фирми од мал и среден ранг, коишто се докажани како високоиновативни и се пазарни лидери во нивната индустриска област регионално или глобално, издвојувајќи се од останатите според динамичниот пат до успехот и своите лидерски и бизнис – практики.
Во пресрет на новогодишните празници, како и секоја година деловниот систем АДИНГ организираше предновогодишна прослава за своите вработени и најблиските соработници. Прославата се одржа на ден 22.12.2010 година во „Ресторан 14- ка“. За време на прославата беа направени традиционалните извлекувања за најсреќните адинговци и беа доделени бројни вредни награди. Пред вработените и присутните гости свое кратко обраќање имаше и генералниот директор на компанијата г-дин Благоја Дончев.
Прајмер Р
Прајмер Р претставува претпремаз наменет за прајмерирање на внатрешни и надворешни површини пред нанесување на завршни декоративни и заштитни премази на база...
Комплексинг С
Адитиви за спречување на појавата на сегрегација на бетонските мешавини, зголемување на хомогеноста и кохезијата. Се препорачува за употреба кај СЦЦ бетони, пумпани бетони...

