АДИНГ СО ПОДДРШКА И УЧЕСТВО НА СТРУЧНИОТ СОБИР ВО НИШ, Р. СРБИЈА НА ТЕМА „НОВ ПРИСТАП ЗА ОЦЕНКА И ВЕРИФИКАЦИЈА НА ПОСТОЈАНОСТА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА БЕТОНОТ“
На 13.10.2023 во рамки на Градежно-Архитектонскиот Факултет при универзитетот во Ниш, Р.Србија, се одржа стручен собир на тема „НОВ ПРИСТАП ЗА ОЦЕНКА И ВЕРИФИКАЦИЈА НА ПОСТОЈАНОСТА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА БЕТОНОТ“.
Настанот беше во организација на Друштвото за Испитување и Истражување на Материјали и Конструкции на Србија, Институт за Испитување на Материјали - ИМС Београд, Градежно-Архитектонскиот Факултет – Ниш и Инженерската Комора на Србија. Ова е една од редовните активности кои ДИМК ги организира и каде се сретнуваат научниот, стручниот кадар и претставници од градежните компании кои се бават со проблематиката на материјали и конструкции.
Целта на настанот е запознавање на стручната јавност и претставниците од градежниот сектор со позначајните моменти од новиот „ПРАВИЛНИК ЗА ТЕХНИЧКИ БАРАЊА ЗА БЕТОНИТЕ“, а имавме прилика да се дружиме со неколку извонредни предавачи од Р.Хрватска, Р.Словенија и Р.Србија.
АДИНГ годинава беше претставен од д.г.и. Срѓан Илиќ, дел од тимот во АДИНГ Белград со презентација на тема: НОВИ ТРЕНДОВИ ВО ЦЕМЕНТНАТА ИНДУСТРИЈА И ПРОИЗВОДСТВОТО НА БЕТОН.