Image21 Ное 2024

ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ДЕТЕТО, ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ И ПРИЗНАНИЈАТА ЗА НАЈДОБАР ЦРТЕЖ ОД ДЕЦАТА НА НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ

„Светскиот ден на детето“ беше повод да ги доделиме наградите и признанијата за „НАЈДОБАР ЦРТЕЖ ОД ДЕЦАТА НА НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ“. Конкурсот беше интерно организиран во периодот од 25.10. до 08.11.2024. на тема: РАБОТНОТО МЕСТО НА МОЈОТ РОДИТЕЛ.
.
Тричлена комисија ги оцени пристигнатите цртежи и определи 6 од нив како наградени во две возрасни категории, првата до 8 години и втората од 9-14 години. Доделени беа дипломи, а паричните награди ќе се искористат наменски за поддршка на дополнителни воншколски активности на наградените деца. За останатите учесници подготвени се благодарници и комплети за ликовно творење.
.
На овој начин ја стимулираме детската имагинација и ги поддржуваме децата на вработените, во активностите за психо-физички развој преку дополнителни воншколски активности.
.
Како и секогаш, детската креативност изненадува и не ве остава рамнодушни. Уживавме во целиот процес.
.
.
.
.