Image4 Авг 2013

Адинг го поддржа Скопскиот маратон ‘13

И оваа година Адинг го поддржа Скопскиот маратон кој се одржа на 12.05.2013 годинa со донација на Адингмаркер 1 во светло сина боја со кој беше обележана патеката за трчање. 
Кенијските претставници повторно доминираа, а воедно го срушија рекордот во машка и во женска конкуренција. Во машка конкуренција победник е Вајклиф Кипкори Бивот, а кај жените Каролин Џемејли Кипруто. 
Во трката на најдолгата маратонска патека од 42 км се натпреваруваа околу 200 натпреварувачи, а за полумаратонот стартуваа 600. Најмногу тркачи по скопските улици имаше за трката на 5.000 метри, хуманитарната трка каде што стартуваа околу 3.500 рекреативци.