Image12 Авг 2013

Адинг награден за најдобар двор на стопански објект во град Скопје

На конкурсот објавен по повод традиционалната манифестација „5Јуни – Светски ден на животната средина“ Адинг ја освои првата награда во категоријата најубаво уреден двор на стопански објект. Наградата ја додели градоначалникот на град Скопје – г-дин Коце Трајановски.

Адинг АД е компанија која е постојано е вклучена во следење и спроведување на сите трендови за заштита на животната средина со воведување, практикување и одржување на стандардот ИСО 14001-2004, со долгорочни програми за подобрување на технологиите и спречување на загадувањата на животната средина.

За хортикултурното и партерно уредување во Адинг се грижи нашата ќерка фирма – Биро Проект(www.biroproekt.com.mk)