Image5 Јул 2010

Бугарска верзија на веб страницата на Адинг

Почитувани,

Ве известуваме дека од 30.06.2010 во функција е ставена и бугарската верзија на веб страницата на Адинг. Официјално може да пристапите директно на www.ading.eu. Сите информации, технички податоци, податоци за производите, контакти и сл., сега може да се најдат и на бугарски јазик. Како дел од долгорочната маркетинг стратегија на Адинг, најавуваме изработка на нови веб страници за останатите пазари во регионот и светот.