Image9 Мар 2016

Групација Адинг на Саем на градежништво 2016

Заедно со уште околу 90 компании од градежниот сектор и 20 компании за недвижности, Групацијата Адинг зеде учество на 13-тиот Саем на градежништво и недвижности.

Адинг и нашите фирми ќерки се претставија со новитетите во своите производи и услуги. Нашите инженери беа постојано на располагање за консултации и стручни совети за посетителите на саемот. Во рамките на настанот, се одржа и After Work дружење со нашите клиенти и соработници.

Скопски саем ни додели и признание за долгогодишно учество на Саемот на градежништво.