Image16 Авг 2013

Донација на Адинг за изградба на „Шатор“ – подарок за град Скопје

По повод 50-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, во просторот меѓу "Кермес" и Зоолошката градина, се промовира скулптурата "Шатор", подарок од архитектите за градот Скопје.
Адинг го помогна овој проект преку донација на бетон со вклучен транспорт и вградување на истиот. 
 
Автори на скулптурата се Сергеј Никољски и Милан Мијалковиќ.
Шаторот е симболичен објект. Буди различни чувства и асоцијации, кои настануваат во зависност од контекстот на неговата околина. Поставен во дива природа шаторот станува симбол на слобода. Во поново време тој објект нуди и една поинаква слика. Шаторот стана метафора за заробеништво и немоќ. Пред берзанските и банкарските центри овие тривијални конструкции, овие привремени живеалишта на Occupy движењето создаваат еден систем - критички простор. Одеднаш, шаторот создаде место за силен протест против структурите на моќ, а истовремено рефлексија од едно чувство на беспомошност. Онаму каде катастрофите го земаат покривот над глава, нужните живеалишта ја нудат првата помош. 
Шаторот како објект е подарок во знак на заедништво и единство, но и еден вид на ветување и обврска за натамошни дарови.