Image11 Мар 2016

Меѓународен симпозиум за Градежништво во Жабљак, Црна Гора

Во периодoт од 6-11 Март, се одржa 6 -тиот Меѓународен симпозиум за Градежништво во Жабљак, Црна Гора.

На овој собир учество земаа преку 300 учесници , и тоа докторанти, професори, инженери и преставници на проектантски фирми, изведувачи и градежни фирми.

Основна цел на Собирот е презентација на современите достигнувања во градежништвото и претставува прилика за размена на искуства во широкиот домен на градежништвото и неговите сродни области.

Во контекст на темата за примена на современите материјали и трендови во градежното конструкторство презентирана беше брошурата„АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА, РЕПАРАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД EN 1504“.