Image26 Дек 2011

Новогодишна прослава 2011

Во пресрет на новогодишните празници, како и секоја година деловниот систем АДИНГ организираше предновогодишна прослава за своите вработени и најблиските соработници. Прославата се одржа на ден 22.12.2010 година во „Ресторан 14- ка“. За време на прославата беа направени традиционалните извлекувања за најсреќните адинговци и беа доделени бројни вредни награди.

Пред вработените и присутните гости свое кратко обраќање имаше и генералниот директор на компанијата г-дин Благоја Дончев.