Image10 Дек 2010

Премиерот Груевски на посета во Адинг

На ден 10.12.2010 нашата компанија ја посети премиерот на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, министерот за економија г-дин Фатмир Бесими, заменик министерот за труд и социјала г-дин Спире Ристески, државниот секретар во министерството за економија г-ца Катерина Костеска и градоначалникот на Општ. Ѓорче Петров г-дин Сокол Митрески. Иницијативата беше на градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, а во рамките на програмата на Владата на Р.Македонија за посета на 150 компании во земјата.

Целта на посетата беше разгледување на фабриката и производните погони и пред сè запознавање со дејноста на компанијата. Делегацијата беше поканета и на непосредна средба во кабинетот на ген. Директор Благоја Дончев, каде се разговараше за моменталните активности, плановите за понатамошен развој и проблемите со кои се среќава компанијата во секојдневното работење.