Image12 Сеп 2013

Успешно реализиран проектот „100 пешачки премини за безбедност на 10.000 ученици“

Проектот „100 пешачки премини за безбедност на 10.000 ученици“ успешно е реализиран. Почнувајќи од 20.08.2013 се до почетокот на училишната година, беа обновени 100 пешачки премини во населба Кисела Вода, на улиците кај училиштата и градинките.

Адинг, во соработка со Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата (РСБСП) донираше Адингмаркер – високо квалитетен заштитен премаз за бетонски површини.

Адинг, како општествено одговорна компанија, ќе продолжи да ги поддржува акциите од овој тип, со надеж дека ќе придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот и ќе ги заштитиме најмладите.

Во прилог се неколку фотографии од доделувањето на благодарниците од градоначалникот на општина Кисела Вода, г-ѓа Биљана Беличанец Алексиќ и претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата, д-р Никола Ангеловски.