Image22 Окт 2026

АДИНГ ТСЦИ СО НОВ РЕДИЗАЈНИРАН ВЕБ САЈТ

Редизајнираниот веб-сајт за технологии и решенија за цементната индустрија е пуштен во употреба: https://adingtsci.com/

Страницата ги презентира нашите формулации и технологии во областа на додатоците за производство на цемент, резултатите и искуствата од соработката со производителите на цемент. 

Што ќе најдете на страницата:

- Методи за зголемување на капацитетот на мелниците / намалување на потрошувачката енергија

- Податоци за подобрување на раните и крајните јакости (во согласнот со EN стандартите)

- Структуриран процес во 5 чекори за реализација на лабораториски и индустриски проби

- Директен пристап до технички прашалници за изработка на прилагодени формулации

Разгледајте и побарајте консултација за индустриска проба од нашите тимови.