Image30 Сеп 2026

АДИНГ дел од „EUROCK 2026“ симпозиумот за механика на карпи и геотехника

Од 15 до 19 септември бевме дел од EUROCK 2026, Меѓународниот симпозиум за механика на карпи и геотехника, кој се одржа во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.


Заедно со belmont.si нашите партнери од Словенија го поддржавме овој значаен меѓународен настан, кој ја поврзува научната фела од геотехниката и професионалците од оваа област.

Благодарение на Macedonian Association for Geotechnics (MAG) и Faculty of Civil Engineering -Skopje Македонија ја има привилегијата да биде домаќин на ваков настан.

Горди сме што сме дел од настан кој ги поврзува знаењето, искуството и професионалците од геотехничката област.