АДИНГ АД Скопје е водечка компанија во Југоисточна Европа за производство и пласман на хемиски материјали за градежништво, основана на 30.05.1969 година. Компанијата е организирана како акционерско друштво со основна главнина од 3.857.636 €. Основната главнина ја сочинуваат вкупно 386.400 обични акции со номинална вредност на една акција од 9,983 €. Акциите на АДИНГ котираат (се тргуваат) на официјалниот пазар на Македонската берза на долгорочни хартии од вредност. Првото тргување со акциите на АДИНГ АД Скопје е регистрирано на 27.12.1997 година.